Македонија
21. January 2026 - 16:32
Првиот долгометражен филм на Косара Митиќ „17“ ќе има своја премиера на 76. Берлински фимски фестивал
Првиот долгометражен филм на Косара Митиќ, „17“, ќе ја има својата светска премиера во рамки на програмата „Перспективи“ на 76. Берлински филмски фестивал, кој се одржува од 12 до 22 февруари.
Со ова, „17“ станува дел од една од најзначајните светски филмски манифестации и остварува важен меѓународен исчекор за македонската кинематографија.
„17“ е филм инспириран од вистински настан кој се фокусира на младите во нивните најранливи тинејџерски години и последиците од одлуките донесени под притисок на срединaта.
-->
-->
