Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата на советот во Струмица
Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата За Подобра Македонија ја напушти 22 седница на советот на општина Струмица и одби да учествува во работата на истата. Причината за ваква одлука биле точките од дневниот ред кои се однесуваат на промената на статут на општината со кои секаде каде што стои Република Македонија треба да се замени со Република Северна Македонија. Во образложението дадено на прес конференција советниците потенцираа дека нивната коалиција не учествувала во креирањето на Преспанскиот договор па затоа не сакале да учествуваат ниту во спроведувањето на одлуките кои произлегуваат од него.
,, Денес општина Струмица ќе стане првата општина која ќе го промени статутот во кој се менуваат сите членови во кои стои Република Македонија , а се заменува со Република Северна Македонија. Исто така се менува и печатот на општината каде ќе стои Република Северна Македонија. Ние како коалиција За подобра Мекдонија предводена од ВМРо ДПМНЕ не учествувавме во креирањето на капитулантскиот договор од Преспа, а исто така и граѓаните на општина Струмица јасно се изјаснија на референдумот со масовно не излегување и кој истиот беше неуспешен во општина Струмица дека не се за промена на името Република Македонија со цел промена на уставот на Република Македонија. Затоа ние како советничка група нема да учествуваме во спроведувањето на капитулантскиот договор од Преспа.,, рече АЛЕКСАНДАР ДОНЕВ – КООРДИНАТОР НА СОВЕТНИЧКА ГРУПА НА ВМРО ДПМНЕ И КОАЛИЦИЈА ЗА ПОДОБРА МАКЕДОНИЈА
Советот денешната седница ја заврши без опозиционите советници, а претседателот Марјан Даскаловски по завршувањето на рече дека нема да ја коментира нивната одлука за напуштањето на работата на советот.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
