Македонија
18. March 2020 - 20:36

Советот на Општина Охрид донесе заклучоци за справување со состојбата со ширењето на коронавирусот

Јавните претпријатија во општината да ги испитаат законските регулативи и можности за олеснување на обврските спрема правните субјекти и физичките лица. Во наредните 10 дена до градоначалникот и советот, ќе треба да достават информација, дали постои законска можност да не се испорачуваат фактури од јавните претпријатија во периодот кога не обавуваат дејност и да не се пресметува казнена камата за извршените плаќања на сметки после утврдениот законски рок додека траат мерките и препораките на владата ова се само дел од заклучоците на Советот на општина Охрид за справување со состојбата со ширењето на коронавирусот.