Македонија
15. November 2021 - 19:42

Советот во Штип продолжува со работа

Штипските советници од опозицијата и позицијата различно го толкуваат решението доставено од Државниот инспекторат за локална самоуправа, по однос на потпишувањето на свечените изјави со уставното име. Советниците од СДСМ и од ВМРО ДПМНЕ не можат да се договорат по прашањето за рокот кој им е даден за корекција на неправилностите.

- Овде вели дека недостатоците треба да се отстранат во рок од 3 дена, а по 15 дена тие повторно ќе извршат инспекциски надзор со кој ќе констатираат дали се отстранети недостатоците, изјави Маријана рогожарска Поповска, координатор на СГ-СДСМ.

- Не пишува дека треба да се отстранат, туку дека има констатирано неправилности, тако што, во законски предвидениот рок од 15 дена, после координација на советничката група, мислам дека ќе го испочитуваме, изјави Душко Иванов - координатор на СГ- ВМРО ДПМНЕ.

На денешната седница на Совет се расправаше за донесување на ребаланс на буџетот на општината. Од опозицијата повторно отсуствуваа од работата.

- Можеа во петокот да побараат известувањето да биде доставено до сите советнички групи и да започнеме со работа, од конститутивна, втора и трета седница и да ги запазиме роковите, а со тоа да го донесеме и ребалансот на буџетот. Вака, само тие ќе донесат одлуки, кои ќе бидат ништовни во правниот промет, додаде Рогожарска.

- Во интерес на граѓаните на општина Штип, во интерес на спроведување на зацртаните проекти, седницата на Советот на општина продолжува понатаму, изјави Весна Кожинкова - Карагунова, претседателка на Совет на Општина Штип.

Со непотпишани свечени изјави, советниците од опозицијата можат да присуствуваат на седниците, но не и да гласаат.