Советот за етика или ќе се реформира или нема да го биде!
Советот за етика во медиумите кој е под целосна контрола на соросовите структура иако ги оценува етичките стандарди не го верифицира членството во организацијата на над 80 медиуми и организации, пишува дневниот весник Вечер.
Во текстот се оценува дека причините се јасни - доколку сите овие гласила и организации бидат примени тие би имале свои претставници на Собранието на советот и би можеле да гласаат и надгласуваат одлуки на раководството кое е под целосна контрола на Сорос, пишува Вечер.
Иако редовното собрание на СЕММ е закажано за 2018 година, сега датумот се смени па собранието ќе се состанува на 12 декември годинава еден ден по предвремените парламентарни избори, пишува Вечер оценувајки дека со предвременото закажување тие сакаат да ги задржат истите позиции, иако најголем дел од медиумите се противат овие лица да ги оценуваат етичките норми на медиумите.
Директорката на СЕММ, Марина Тунева, во изјава за Вечер вели дека тие може да го одолговлекуваат зачленувањето до кога сакаат, затоа што во деловниците немале предвидено до кога може да се разгледува апликацијата.
- Зачленувањето во Советот за етика во медиумите (СЕММ) е процес кој што се одвива според актите на ова тело. Самото аплицирање е првата фаза, а полноправното членство го определува Управниот одбор на организацијата, врз основа на одредбите од Статутот, кои подразбираат прифаќање на овој акт, потоа на Кодексот на новинарите на Македонија и почитување на стандардите за професионално и етичко известување. За одлуката на УО на СЕММ заинтересираните за членство ќе бидат известени по завршување на процесот на анализа на секој апликант поединечно во однос на споменатите критериуми, вели Тунева.
Собранието требаше до одржи на 17.11 но, како што пишува Вечер откако апликантите кои не се примени со години и странските амбасадори реагирале до советот тој го смени датумот за 12.12 односно еден ден по изборите.
- Информацијата дека редовното годишно собрание на СЕММ е закажано за 12 декември 2016 година е неточна. Таква одлука Управниот одбор на СЕММ нема донесено, освен што одлучи да се одложи редовното годишно неизборно Собрание поради пријавеното отсуство и презафатеност со ангажманите околу предвремените парламентарни избори на добар дел од членовите, вели Тунева.
Во исто време, во објавениот текст се вели дека медиумите и организациите бараат нивни претставници да учествуваат на собранието кое ќе се одржи на 12ти месецов и измени на самото собрание.
-Советот за етика има уште 3 дена да се изјасни дали се прифатени нашите апликации и дали ќе влеземе во органите на управување на организацијата. Ако не го направат тоа значи сакаат да продолжат да си делуваат едно партиски и во интерес на соросоидите што е на штета на сите медиуми во Македонија. Доколку не ги прифатат нашите апликации ние на располагање имаме повеќе механизми да ги заштитиме нашите интереси за што се известени сите странски албасади во Македонија со чија помош добивме одложување на ова собрание, велат постписмиците на иницијативата.
Оваа иницијатива е потпишана од најголемите медиуми во државава. Вечер, Телевизија Сител, МРТ, Канал 5, ТВ Нова, Алфа, весниците на МПМ, Метрополис, Република, Сити Радио, Дневник, Вест, Утрински Весник како и најголем дел од интернет порталите во земјата. Помеѓу овие преку 80 потписници се и МАН и ММА.
Вечер пишува дека одлуките на Советот за Етика во Медиумите, имаат огромна пристрасност и непрофесионалност. Ги анализираат и осудуват само текстовите на медиумите кои имаат уредувачка политика спротивна на уредувачката политика која ја наметнуваат медиумите финансирани од Сорос, а другите и покрја евидентните грешки се заштитени се како поларни мечки затоа што нивните структури владеат со советот за етика.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
