СП 2026: Скандал – фудбалер бил уапсен поради местење натпревари

Фудбалерот на Брегот на Слоновата коска Елие Вахи бил уапсен поради сомневање дека учествувал во наместени натпревари. Вахи бил уапсен пред три недели, а сега е дел од својата репрезентација на Светското првенство – Брегот на Слоновата коска. На дуелот од првото коло против Еквадор настапи 56 минути, а БСК победија со 1:0.
Тој е предмет на истрага на натпреварот на Ница против Мец одигран на 17.мај од француската Лига 1 и тоа како играч на Ница намерно добил жолт картон. Вахи бил уапсен на 29.мај од страна на француската полиција веднаш откако постигна гол против Сент Етиен, со кој Ница остана член на Лига 1.
Француската лига почнала истрага откако имало многу „дојави“ за уплати дека Вахи ќе добие жолт картон.
Во младите категории настапувал за француските репрезентации.
МИА
Ново на Сител
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
-

Преглед на вестите од светот
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија
