СП 2026: Во Мексико 117.000 луѓе поминале обука за добредојде на туристите

Во Мексико Сити, 117.000 луѓе поминале специјална обука за добредојде на туристите за време на Светското првенство во 2026 година. информира Алехандра Фраусто, министерката за туризам на мексиканската престолнина.
Според Фраусто, Министерството за туризам ја промовира програмата за обука. Меѓу обучените се работници во услужната индустрија, персонал во хотели и ресторани, транспортни работници, водичи, специјалисти за општествено корисна работа и волонтери.
Понатаму, инфраструктурата е зајакната во стратешките области на градот, со што се подобрува пристапот до транспортот до клучните туристички дестинации.
Навивачите и туристите што ќе присуствуваат на Светското првенство во Мексико Сити ќе имаат пристап до 63.000 хотелски соби, речиси 60.000 ресторани и кафулиња и широка мрежа на јавен превоз.
Мексиканската престолнина, исто така, подготви фестивали, изложби и други културни настани.
Првиот натпревар од турнирот ќе се одржи на 11 јуни на стадионот „Естадио Ацтека“ во Мексико Сити. Ќе учествуваат Мексико и Јужна Африка.
МИА
Ново на Сител
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, градоначалник на Карпош
