-->
-->
„Спејс Икс“ лансира ракета носач со 60 микросателити
-->
Спејс Икс (SpaceX) лансираше ракета носач Фалкон 9 со 60 микросателити Старлинк.
Лансирањето беше пренесувано во живо на веб-страницата на приватната американска компанија на Илон Маск.
Ракетата беше лансирана пред 23 часот по локално време вчера од космодромот Кејп Канаверал, на Флорида. Фалкон 9 беше користен во пет претходни лансирања за да се намалат трошоците, но овој пат SpaceX не успеа да го врати на специјално дизајнираната пловечка платформа.
Лансирањето беше закажано за в недела, но беше одложено за еден ден поради неповолни временски услови.
Проектот Старлинк на Спејс Икс е мрежа на сателити во орбитата за да се обезбеди пристап до интернет. Пуштањето во употреба на вкупно 11.000 микросателити ќе чини 10 милијарди долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Недостига стручен кадар во земјава
-
Преглед на вестите од светот
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Протест за Вардариште
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Шест пратеници влегоа во АНБ со иста цел, но различни барања
-
Пожарот во Дрисла ги угуши скопјани
-
Какви последици врз здравјето предизвикува горење на депонија?