СПМ ја поддржува иницијативата за укинување на "техничката влада"

Социјалистичката партија на Макединија особено ја поддржува иницијативата за укинување на "техничката влада" како рецидив од едно минато време оптеретено со политички притисоци, уцени и отстапки од националните и државните интереси. Производот на "Пржинскиот" договор, на кој СПМ се спротивстави уште во неговиот почеток, со себе го носи белегот од последиците кои создадоа трауми од злоупотребите и безочното газење врз достоинството на македонскиот народ и граѓани од страна на владите во периодот што следеше.
Денес, после извојуваната слобода од сите наметнати стеги од претходната власт, Македонија и нејзините граѓани заслужуваат демократски амбиент во полн капацитет. Еден од условите за тоа претставува и укинувањето на техничката влада со нејзината целосна неефикасност.
Социјалистичката партија на Макединија има изградено став за поддршка на заложбите на македонската Влада за спроведување на реформските закони во правосудството, изборот на народен правобранител, измените во Изборниот законик и укинување на техничката влада.
СПМ
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Лидерска средба за реформски закони и укинување на техничка влада, само СДСМ не присуствува
-

Македонија ќе се задолжи со нови 1 милијарда евра, издадени две еврообврзници
-

Струмичката епархија и годинава ги изнесе моштите на Свети Василиј Велики на поклонение пред верниците
-

Завршува Вевчанскиот карневал
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ одлучи да оди на лидерска - за сите прашања ќе одлучува Ахмети
-

Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер
