Македонија
12. May 2022 - 16:30

Споменици оставени да скапуваат - ќе преземе ли некој нешто?

Води ли некој грижа за спомен обележјата во главниот град. Граѓаните и туристите едвај можат да ги препознаат или пак да прочитаат нешто повеќе за нив. Одржувањето изостанува кога се во прашање овие историски обележја на државата во време кога  најактуелно е прашањето за идентитетот. Натписи, графити, оштетени споменици, отпадоци и уништени информативните таблички. Вака изгледаат денес спомениците во строгиот центар на градот. 

Во минатото беа ангажирани приватни фирми а потоа јавните претпријатија ја преземаа обврската за чистење и одржување на споемниците и фонтаните. Грижата за нив е во надлежност на град скопје.  Во 2013г откако тогашниот градоначалник на Општина центар се откажа од одржување на дел од спомениците, обврската беше преземена од Градот.  Во минатото беа издвојувани средства и за физичко обезбедување на овие обележја. Нема одговор што се презема во моментот и зошто не се води грижа.