Според Европскиот суд сè било законски во истрагата за Нешкоски, за што Јанева води истрага?
Ефикасна истрага спровеле истражните органи при утврдување на причините за смртта на Мартин Нешковски, а државата ги исполнила сите критериуми утврди Европскиот Суд за Човекови Права во Стразбур. Постапувајки по жабата поднесена од Ленка Нешковска, мајка на починатиот Мартин Нешковски, судот ги одбил нејзините наводи, констатирајки дека не било повредено правото на живот загарантирано со конвенцијата.
- Семејството се жалеше по однос на постапката во однос на инволвираноста и на други лица кои не биле опфатени со постапката, но Европскиот суд за човекови права смета дека државата презела ефикасна истрага во однос на утврдување на причините за смртта, односно дека државата ги исполнила сите критериуми воспоставени со судската пракса на ЕСЧП во истоветни случаи, изјава Коста Богданов, застапник на Македонија во ЕСЧП.
Судот од Стразбур ја објави и одлуката за жалбата поднесена од Трендафил Ивановски, во однос на постапката за лустрација. Од претставките поднесени по сите осум членови, судот прифатил само две. По членот шест и член осум, посочувајки притоа дека комисјата била недоволно независна во постапувањето, а Ивановски бил оштетен со забраната од пет години за работа во државна институција и приватниот сектор. По однос на неговата жалба, државата треба да покрие 5,350 евра од кои 850 како трошоци за постапката и 4,500 како надоместокот за Ивановски.
- Утврдена е повреда на член 8 од Конвенцијата (право на почитување на приватниот и семејниот живот) од аспект на недоволната усогласеност на тогашниот Закон за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција со препораките на Советот на Европа, во делот на опфатот на професиите и времетраењето на забраната за практикување на професијата поради констатираната соработка со тајните служби, за која ЕСЧП во својата пресуда смета дека претставува диспропорционална санкција во однос на легитимната цел (заштита на јавната безбедност). Со пресудата на ЕСЧП не е утврдена повреда на правото на честа, угледот и репутацијата на апликантот од страна на државата, вели Богданов.
Покрај овие две одлуки застапникот на Македонија во судот за човекови права во Стразбур Коста Богдановски, очекува до крајот на првата половина од годината судот да објави уште неколку пресуди. Најголемиот дел од нив поврзани со правото на сопственост и постапки во кои се оспорува изрекувањето на мерката притвор.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
