-->
-->
Верстапен најбрз на двата воведни тренинзи пред ГН на Јапонија
-->
Актуелниот светски првак и водечки во генералниот пласман Макс Верстапен (Ред Бул) денеска на патеката Сузука забележа најбрзо време на првиот и вториот тренинг за Големата награда на Јапонија.
На вториот тренинг холандскиот возач ги остави зад себе Шарл Леклер (Ферари) и Ландо Норис (Мекларен), на второто и третото место. Клупскиот колега на Норис, Шпанецот Карлос Саинц беше четврти, а Џорџ Расел (Мерцедес) имаше петто најбрзо време.
Верстапен беше најбрз и на првиот тренинг, пред Саинц и Норис.
Третиот и последен тренинг е на програмата утре од 5:30 часот, а квалификациите за неделната трка ќе почнат во 8 часот по средноевропско време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
-

Дигитален регистер на загадувачи за почисто Скопје
-

Многу малку сестри во одделите за интензивна нега
-

Деменцијата зема замав - недостигаат институции
-

Трибина за органодонорство во Кавадарци - еден донор може да спаси 8 животи!
-

Започнува конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот на црквата во село Мокрино, општина Ново Село
-

Меѓународна конференција за зајакнување на улогата на жените во процесите на донесување одлуки
-

Преглед на вестите од светот
