Спотифај воведе нова опција

Шведскиот стриминг гигант Спотифај официјално ја пушти во употреба новата опција за аудио-статии („narrated articles“), со што продолжува да го збогатува својот содржински каталог и да ја шири понудата настрана од музиката и поткастите.
Корисниците на оваа платформа сега можат да слушаат аудио-верзии на ексклузивни текстови од некои од најпрестижните светски списанија, како Вог, Атлантик и Варајети.
Во првата фаза, стриминг платформата ќе им понуди на корисниците, кои веќе имаат пристап до аудио-книги база од повеќе од 650 подолги статии на англиски јазик. Според Спотифај, ваквите содржини можат да траат и до два часа.
Монетизацијата на новиот формат е адаптирана според типот на претплата. Премиум-претплатниците ќе имаат директен пристап до аудио-статиите во рамки на нивниот месечен лимит за слушање аудио-книги. Од друга страна, корисниците кои немаат активна претплата ќе можат да купуваат поединечни аудио-статии по цена од 1,99 долари.
Со воведување на оваа опција, Спотифај дополнително се позиционира како платформа што нуди широка медиумска програма, комбинирајќи музика, поткасти, аудио-книги и сега новинарски и магазински содржини во аудио-формат.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
-

Директор во Лотарија обвинителството го прогласи за непријателски сведок
