Спречен шверц на 1.100 електронски цигари скиени во вреќи со грав
Едно лице утрово е лишено од слобода откако при преглед на возилото што го управувал биле пронајдени 1.100 парчиња електронски цигари скриени во вреќи со грав.
Од СВР Тетово информираа дека утрово околу 7 часот и 35 минути на регионалниот пат Дебар-Маврови Анови, во месноста „Ростушко анче“, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот дебранин Б. З.
- При негов и преглед на патничко моторно возило „сеат алхамбра“ со струшки регистарски ознаки, што тој го управувал, во вреќи со грав биле пронајдени и одземени 1100 парчиња електронски цигари без документација, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Дебраниниот Б.З. е задржан во Полициското одделение Ростуше и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
