Србија и Унгарија потпишаа договор за одбранбена соработка, Вучиќ најави и воен сојуз
Во Палатата Србија во присуство на претседателот на државата, Александар Вучиќ денеска беше потпишан документ од областа на одбраната меѓу Србија и Унгарија, јави дописникот на МИА од Белград.
Планот за билатерална воена соработка меѓу министерствата за одбрана на Србија и Унгарија за 2025 година – документ за операционализација на стратешката соработка во областа на одбраната меѓу двете земји, го потпишаа министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ и министерот за одбрана на Унгарија, Криштоф Салаи-Бобровнички.
Клучни елементи на договорот се можноста за заеднички вежби и воено-техничка соработка во набавката на оружје.
На потпишувањето присуствуваше и началникот на ГШ на војската на Србија, генерал Милан Мојсиловиќ.
Вучиќ по средбата изјави дека Србија има најразвиена и најинтензивна соработка на полето на одбраната со Унгарија во регионот и изрази уверување дека „договорот за заеднички активности ќе продолжи во натамошното зближување и создавање воена алијанса или воен сојуз меѓу Србија и Унгарија“.
„Секако, за тоа се прашува унгарската страна, се прашуваат унгарскиот и српскиот парламент и сите други“, рече Вучиќ на заедничката конференција. Тој додаде дека денеска е потпишан документ со кој се операционализира и конкретизира договорот за стратешка соработка во областа на одбраната постигнат во 2023 година.
Со Документот потпишан денеска се договорени 79 активности за оваа година.
Вучиќ најави и претстојна средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан, на која ќе продолжат разговорите за стратешка соработка. Лани, трговската размена меѓу двете држави надмина три милијарди евра.
Ново на Сител
-
Државата да не губи време кога ќе добие аларм за исчезнато дете
-
СДСМ и министерот Тошковски за тендерот за полициски униформи
-
Вината на Монтеко го освојуваат светот
-
Преглед на вестите од светот
-
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
-
Три туристички рути во Дојран ќе привлекуваат посетители и надвор од летната сезона
-
Преглед на вестите од светот
-
Мурал од Полска како вечен потсетник за поддршката на македонската ЕУ интеграција