Средба на министерот Клековски со повредени од пожарот во „Пулс“

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата Фејсбук-страница.
„Државата е тука - на долги стази“, нагласува Клековски во објавата.
Тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму.
„Како што и досега имам изјавувано - државата е тука на долги стази. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на Министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов“, додаде министерот во објавата.
МИА
Ново на Сител
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски најави 8 денари помош за килограм откупена арпа
