Средба на претставници за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан

Во Брисел денеска ќе се одржи средба на високи службеници задолжени за секторите правда и внатрешни работи на ЕУ и на земјите од Западниот Балкан.
Станува збор за структурен дијалог на Унијата со земјите кандидати за членство од регионот на Западниот Балкан што се одржува за време не секое претседателство со ЕУ.На средбите на ова ниво се разменуваат мислења за актуелни прашања поврзани со повеќе теми, како справувањето со тероризмот и насилниот екстремизам, борбата против шверцот на дрога и организираниот криминал, менаџирањето со миграцијата и азилот и зајакнувањето на владеењето на правото и реформите во правосудството, а се работи и на подготовка на годишниот министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан.
Следниот министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ-Западен Балкан треба да се одржи во втората половина на 2024 година.
Последниот министерски состанок се одржа во Скопје на 26 и 27 октомври, минатата година.
Ново на Сител
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
