Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со претставничките на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“, во состав: Ана Дукоска, Анета Механджијска и Славица Јанкова со кои разговараше за претстојната конференција на „Јас сум жена“, која годинава е посветена на жените во бизнисот, како и за иницијативите на здружението за поврзување на жените.
Како што информираат од нејзиниот кабинет, претседателката на средбата ги поздравила настаните во чиј центар се жените и женските автентични приказни, коишто, како што рекла, откриваат бројни проблеми, но и видни успеси.
Според неа, годинашнава тема, фокусирана на жените во бизнисот е добар избор од многу причини, а особено заради фактот што женската економска самостојност е предуслов за креирање свој живот, градење хармонична семејна заедница и учество во општествениот развој.
- Сиљановска-Давкова ја поздрави храброста на „Јас сум жена“ во рушењето на митот за традиционално машки и женски професии, преку запознавање со успешни жени - машиновозачки, капетани на бродови или оџачарки и охрабрување на девојките слободно да го изберат и трасираат својот професионален пат, водени од сопствените афинитети, интереси и способности - се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.
Таа го поздравила учеството на конференцијата на жени – претприемачки од регионот, но и пошироко, кои имаат македонско потекло, како можност за запознавање со нивното релевантно, инспиративно и стимулативно искуство и воспоставување соработка со нив.
На средбата, гостинките ја запознале претседателката со партнерството со Здружението „До бебе по патот на ин-витро“, со намера да им овозможат конкретна помош на жените и семејствата на патот кон мајчинството и родителството.
Сиљановска-Давкова изразила разбирање и верба во остварувањето на посакуваната цел, како и поддршка на патот кон неа.
Претставничките на „Јас сум жена“ ја презентирале иницијативата за формирање совети за женско претприемништво во градовите и општините ширум земјава.
Исто така, ја запознале претседателката со интензивната и широка соработка со Агенцијата за иселеништво, која, како што рекле, треба да резултира со формирање советодавно тело и систем за реинтеграција на повратниците од странство.
МИА
Ново на Сител
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
-

Меморијален турнир во чест на загинатите бранители
-

Мостот на Љубљанска готов до крајот на годината
-

Стереотипите се уште ги кочат мажите да одат на психолог или психијатар
-

Регионално решение за проблемот со кучињата скитници
