Средношколци со социјален танц-театар пред Собранието повикаа на поголема заштита од врсничко насилство

Со изведба на социјален танц-театар, на кој беа прикажани сцени на насилство, отфрленост и осаменост, ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар денеска пред Собранието ја испратија пораката дека заштитата на децата од насилство мора да биде највисок општествен приоритет и дека „булингот“ секојдневно се случува во училиштата, но често останува незабележан од возрасните.
Настанот, кој е во организација на „Меѓаши“ се одржа по повод Меѓународниот ден на детето и на симболична локација пред законодавниот дом со цел да се потенцира важноста од институционална одговорност во креирањето и спроведувањето политики за безбедност и благосостојба на децата.
- Поентата е луѓето да ги увидат ефектите од меѓуврсничкото насилство и да реагираат кога ќе забележат такви ситуации - порача Марио, ученик од СУГС „Јосип Броз Тито“, кој учествуваше во денешната изведба на социјален танц пред Собранието.
Според него, пораката на настапот е кога ќе видиме насилство, да не останеме пасивни, туку да се вклучиме и да преземеме конкретни мерки за да го спречиме. Вели дека меѓуврсничкото насилство сè повеќе добива психолошки и суптилен карактер, кој потешко се препознава.
- Булингот во последно време помалку е физички, а повеќе психички. Се манифестира преку исмевање, игнорирање или изолација, без директни навреди, што го прави потешко за пријавување и препознавање - истакна ученикот и порача дека е потребно од најрана возраст да се воведе поголем фокус на емоционалната и на психолошката едукација кај учениците.
Според професорката Грозданка Саздова од СУГС „Јосип Броз Тито, возрасните со личните постапки секојдневно им даваат пример на младите како да се однесуваат меѓу себе. Таа посочи дека секојдневието на децата често е обележано и со негативни примери од однесувањето на возрасните, особено во ситуации кога постои позиција на моќ.
- Секојдневието на нашите деца е исполнето со примери како некој возрасен од ситуација на моќ си дозволува да прави навреди, мобинг на работно место, за жал, да бидат сведоци како им повишува глас со навреди и други несакани работи - нагласи Саздова и додаде дека локацијата за одржување на настанот, пред законодавниот дом, носи силна симболика.
Професорката Валентина Стерјовски од гимназијата во Гостивар порача дека за справување со насилството во училиштата неопходни се едуцирани наставници, јасни протоколи и поголема сензитивност за препознавање на скриените форми на насилство.
- Насилството не е само физичко, туку има и прикриени форми, кои треба навреме да ги препознаеме - истакна Стерјовски и посочи дека создавањето безбедна училишна средина бара заедничка вклученост на родителите, наставниците и институциите.
Пораката од настапот беше дека, иако учебната година завршува, предизвиците со кои се соочуваат децата не престануваат со последното училишно ѕвонче. Следната учебна година носи нови генерации, кои ќе имаат потреба од безбедна, поддржувачка и ненасилна средина.
Учениците со својата изведба повикаа на поголема одговорност, емпатија и конкретни мерки за превенција и заштита од сите форми на насилство и социјално исклучување.
Од „Меѓаши“ информираат дека социјалниот танц-театар е резултат на обука реализирана од 9 до 11 мај 2026 година во Маврово, каде што учениците преку сценска уметност, движење и заедничка работа ги истражуваа причините, последиците и можните начини за спречување на насилството.
МИА
Ново на Сител
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
-

МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90% исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026
