Српски државјанин осомничен за криумчарење 5.000 штеки цигари преку ГП „Богородица“

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело „криумчарење“, откако на граничниот премин „Богородица“ биле откриени 5.000 штеки цигари со проценета вредност од околу девет милиони денари.
Според Обвинителството, осомничениот, кој бил сопственик на српска транспортна фирма, на влез во државата управувал товарно возило во кое како стока биле пријавени пропиленски гранулати.
При царинска контрола, меѓу пријавената стока во приколката биле пронајдени 100 картонски кутии без ознаки, во кои се наоѓале цигари од марките „Marlboro“, „Davidoff“ и „Winston“. Непријавената стока веднаш била одземена од царинските службеници.
Од Обвинителството информираат дека против осомничениот е поведена истрага за криумчарење по член 278 став 2 од Кривичниот законик.
Надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка доставил и предлог за определување мерка притвор, оценувајќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство.
МИА
Ново на Сител
-

Утре продолжува Надзорната комисија за Алта Банка
-

Тема на денот со Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Ученик со пушка рани две лица во училиште во Крагуевац
-

Партиски консензус за борба против насилството
-

СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески
-

Секој втор возрасен Македонец пуши цигари
-

Катастар очекува стабилизација на станбените цени
-

МОН ќе продолжи да исплаќа по 140 денари на студентите, додека не се одлучат дали го прифаќаат новото софтверско решение
