Српски Завод за статистика: Во изминатите 10 години во државата имигрирале над 167 илјади луѓе, најмногу од Русија

Во периодот од 2014 до 2024 година, во Србија имигрирале 167.244 странски државјани од кои само во 2024 година дошле 34.155 странци. Од тој број, најголем број се руски државјани кои имигрирале во Србија – околу 17.000.
Според податоците на Републичкиот завод за статистика, значително повеќе странци дошле во Србија отколку што ја напуштиле. Имено, од 2014 до 2024 година, во Србија имигрирале 167.244 странски државјани, додека 72.512 странци емигрирале од Србија во претходниот период.
Во тој период, најмногу странци дошле во Србија во 2023 година – 41.273 лица додека најмал број странци дошле во 2016 година, 4.103 граѓани. Секоја година, без оглед на бројот на имигранти, повеќето од нив дошле во Белград.
Просечната возраст на имигрантите е 33,2 години.
Најголемиот број странци кои дошле во Србија во 2024 година биле руски државјани – 17.103 граѓани – 50,1 процент од вкупната имиграција. На второ место се граѓаните на Кина – 4.511 дошле во Србија во 2024 година, односно 13,2 проценти. По нив следуваат граѓаните на Индија – 2.109 (6,2 проценти), и на Турција. Заедно, тие граѓани сочинуваат дури 75,2 проценти од вкупната имиграција.
Најголем број странци кои ја напуштиле Србија во 2024 година биле државјани на Руската Федерација – 5.421 лица, или 31,3 проценти од вкупниот број.
Покрај нив, во Србија во 2024 година дошле и државјани на Шри Ланка (829 државјани), Непал (780), Белорусија (366), Украина (365) и Црна Гора (299). Исто така, има и државјани на Узбекистан (289), Босна и Херцеговина (285), Бангладеш (277), Германија (258) и Романија (257). Регистрирани се и 4.476 државјани на други земји.
МИА
Ново на Сител
-

Иран ги обвини САД дека не ги исполниле своите обврски по израелскиот напад во Либан
-

Трамп ги повика Израел и Хезболах да престанат со напади „за да не ги расипат“ напорите за мир во регионот
-

Пожар помеѓу штипските села Долани и Љуботен, едно лице повредено
-

Полицијата приведе возач од Батинци, управувал возило со 244 километри на час, двојно поголема брзина од дозволеното
-

Мицкоски: Нема мигранти, но ќе има брза пруга, се потврди дека СДСМ кажува невистини
-

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни
-

СП 2026: Стартни победи на Австралија и Шкотска, по бод за Бразил и Мароко
-

„Центарска симфонија“ синоќа во организација на Општина Центар
