Македонија
27. January 2026 - 16:29

ССМ утре на протест ќе бара зголемување на платите за 6.000 денари

Протест за повисоки плати и подобар стандард на работниците. Синдикатот утре излегува на улица, со единствено барање – зголемување на минималецот, но и на сите останати примања за 6.000 денари. Ги повика сите вработени чии  плати не растат секој месец  како што растат трошоците за живот, да им се придружат.  

Само во последните 2 години, куповната моќ е намалена за 9,500 денари, колку што е зголемена потрошувачката кошница, изјави Слободан Трендафилов, престедател на ССМ.

Од Бизнис конфедерацијата велат дека не се против  зголемување на платите, и подобрување на стандардот, но покачувачето за 6,000 денари значително ќе им ги зголеми трошоците. Дел од малите бизниси не би можеле да го издржат финансискиот товар.

Од Владата го повторија ставот – се што ќе се договорат Синдикатот и работодавачите, тие ќе поддржат.

Секој има право да протестира - Во согласност со законот, минималната плата ќе биде зголемена во март, односно платите што ќе ги добијат работниците во април за март ќе бидат зголемени. Ние рековме дека ќе го поддржиме секое решение што синдикатите ќе го постигнат со работодавците во дипартитен дијалог - рече Христијан Мицкоски, премиер 

Од ССМ велат дека 33% или 200 илјади од вработените живеат со плата под 30,000 денари. Ако владата се согласеше на нивното барање на економско социјалниот совет, само по основ на придонеси во буџетот ќе имаше дополнителни 120 милиони евра годишно.