Македонија
30. January 2017 - 16:39

Стартот на Еразмус во кој 6 лица од Економскиот факултет се сомичат за примање поткуп, утрово беше одложен

Додека не заврши одлуката по однос на барањето за изземање на судечкиот совет, постапката за предметот ‘‘Еразмус‘‘ ќе тапка во место. Барањето до судот на денешното рочиште го предаде адвокатот Јоанидис, со образложение дека судиите Башеска и Стефановски не можат да одлучуваат непристрасно. Бранителот тврди дека тие веке носеле одлука по претходна жалба за случајот во која ја прифатиле одлуката на судијата на претходна постапка, а сега се дел од судечкиот совет.

Во предметот ‘‘Еразмус‘‘ шестмина вработени на Економскиот факултет се товарат за примање поткуп и злоупотреба на службената положба, дела кои ги вршеле во повеке наврати во 2015 и 2016 година. Помеѓу обвинетите има професори, демонстратори и вработен во бифето на факултетот. За еден од професорите постапката беше запрена поради недостаток на докази за делото кое му се ставаше на товар.

Јавното обвинителство го поднесе обвинението во октомври минатата година, по акцијата која ја спроведе МВР поради сомнение за земање поткуп од 500 до 1000 евра за предона оценка на испит.

Случајот ќе ја чека понатамошната постапка се одлуката на в.д. претседателот на кривичниот суд по барањето на бранителот.