Македонија
8. September 2022 - 12:21

Стартува фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“

Нов фестивал во Струмица. Во рамки на популарниот Егзит синоќа се одржа големата  „Get EXITed“ забава на која настапија повеќе имиња од светската и регионалната музичка сцена , меѓу кои и италијанската техно-ѕвезда Дебора Де Лука. Првиот човек на Струмица задоволен што и во време на криза успеале во Македонија да донесат еден од најголемите фестивали во светот.

„Get EXITed“ забавата е само најава за  одржувањето на Егзит фестивалoт и во Македонија кој е планиран за следната година.

„Влегуваме во нешто што е вовед за еден голем фестивал кој треба да се случи следната година во Македонија. Како што знаете Егзит е еден од најголемите фестивали во светот,  во 2014 ја отворивме Црна Гора, потоа и Хрватска и други земји во регионот и една од идеите е следната година да направиме голем фестивал во Македонија. Ова што го работиме вечерва во Струмица е вовед во тоа, рече Душан Ковачевиќ-Егзит фестивал.

Според најавите Егзит фестивалот  ќе трае неколку дена , а терминот на одржување ќе остане септември. Целта е со овој фестивал да се збогати туристичката понуда на Струмица, но истовремено и да го направи градот нова значајна туристичка дестинација во регионот.