Македонија
16. November 2024 - 16:28

Стефаноска: Развојот на мирен туризам тренд во светот

Преку развој на мирниот туризам и избегнување на масовниот  до подобрување на квалитетот на услугите и продолжување на туристичката сезона.Еден од најизразените трендови во светот  во изминатите години, е барање на нови спокојни и мирни средини,туристите се повеќе ги избегнуваат популарните локации во кои за посета на локалните атракции се чека со часови.

Директорката на АППТ Стефаноска вели дека со засилена промоција на саеми и пробивање на нови пазари ќе можеме да очекуваме и поголем број на туристи.

Во последните години се забележува потреба од нов пристап кон туризмот, кој ќе ги земе предвид современите предизвици и ќе ги искористи можностите за одржлив развој.

Создавањето на Национална стратегија за развој на туризмот според директорката Стефаноска ќе  го трасира патот и следните чекори каде треба да се движи туризмот.