Стигнаа резултатите од ПИСА: Македонските средношколци се потпросечно писмени
Македонските средношколци се потпросечно писмени, покажаа резултатите од меѓународното ПИСА тестирање на три полиња: читање со разбирање, математика и наука. Тие постигнале пониски резултати од просекот на Организацијата за економска работа и развој.
Од вкупно 81 држава која беше дел од тестирањето, нашата земја е на 61-то место според резултатите по математика. При мерењето на јазичната писменост, односно читање со разбирање, рангирани сме на 71-то место, додека по природни науки нашите ученици постигнаа 380 поени, што ја рангира државата на 68-то место во Европа.
На ваквиот извештај на ПИСА реагираа и политичките партии. Велат дека резултатите се крајно разочарувачки.
Уште поразочарувачко е дека сме во групата на најлошите, на Аргентина, на Саудиска Арабија, Косово, за разлика од, кај нас тоа ниво опаѓа
„Знаеме дека министерот за образование и заменик министерот, кои се членови на ДУИ, наместо да трошат за инвестиции за реновирање на училишта, изградба на кабинети, лаборатории, студентски домови и обезбедување литература, во текот на целата учебна година, ним им е грижа само учениците да немаат книги, да немаат греење во училиштата, да немаат елементарни услови за учење, поради што младите во очај и заминуваат од државата“, се вели во реакцијата на БЕСА.
Од МОН си признаа дека нема напредок во резултатите на ПИСА за претходната година, во споредба со претходниот извештај за нашата држава. Во соопштението се наведува дека коронавирусот имало големо негативно влијание врз квалитетот на образованието.
Загрижени од резултатите се и експертите. Во изјава за Сител велат советуваат да се следат примерите на успешните земји, кои и покрај ковидот успеале да се задржат на врвот.
Инаку, ова е четврто учество на нашата земја во ПИСА. Претходно бевме дел од студиите во 2000та, 2015та и 2018та година. Во месеците април и мај 2022 година беа опфатени 6610 ученици од 111 средни училишта, каде во зависност од големината се тестираа од 35 до 155 ученици на македонски и албански јазик. Реализатор на студијата кај нас е Државниот испитен центар.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
