Стојаноски: Предложени законски измени со кои платите на функционерите се намалуваат за 10-13 илјади денари, средствата остануваат за граѓаните

Платите на избраните и именуваните функционери ќе се намалат за 10 до 13 илјади денари, а кај некои од позициите и повеќе, со цел поправична распределба на буџетските средства и усогласување со економските услови во државата - изјави денеска пратеникот од ВМРО‑ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој информира дека нивната пратеничка група поднела пакет од предлог-измени на шест закони, со кои тоа ќе се постигне.
- Како група пратеници во Собранието, официјално поднесовме пакет од предлог-измени на шест закони, со кои го регулираме прашањето на платите на избраните и именуваните лица во државата.Основната цел на овие измени е воспоставување поправична распределба на буџетските средства, при што платите на функционерите се усогласуваат со реалните економски услови во државата - истакна Стојаноски.
Тој информира дека група пратеници поднеле пакет од шест закони, кои ги опфаќаат платите на пратениците, министрите, судиите, јавните обвинители, членовите на Судскиот и Обвинителскиот совет, како и градоначалниците.
- Со предложените решенија се врши интервенција во висината на коефициентите, со што се обезбедува рационално користење на средствата од буџетот - рече тој нагласувајќи дека измените се целосно во согласност со Уставот.
Според предложените измени, се предвидува платите на пратениците и на функционерите во извршната власт да се намалуваат преку пониски коефициенти. Кај судиите и обвинителите се врши усогласување со економските можности, а за градоначалниците се воведува нова скала според бројот на жители.
Стојаноски информира дека заштедените средства ќе се пренаменат за здравство, образование и социјала, а намалувањето ќе важи веќе со исплатата на февруарската плата.
Пратеникот најави дека утре ќе биде закажана пленарна седница, на која ќе се гласа потребата од донесување на законите. Појасни дека со дадениот рок од Деловникот од шест часа веднаш ќе бидат закажани законите и потоа ќе бидат вратени на пленарната седница и уште утре ќе бидат изгласани.
МИА
Ново на Сител
-

Зголемен број на колапси поради топлото - дневно Брза помош има и по 10-тина вакви интервенции
-

ЦЈЗ Прилеп: Не се точни шпекулациите дека е зголемен бројот инфицирани со ХИВ за 50-тина лица
-

Нова стратегија за развој на туризмот на југоистокот од земјава
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
