Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп

Во рамки на официјалната посета во Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска оствари средба во Белата куќа со Jarrod Agen, Заменик-советник на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД.
-Средбата се одвиваше во отворен и суштински дијалог, со јасно дефиниран фокус на стратешките приоритети и конкретните насоки за унапредување на соработката, при што од двете страни беше оценета како особено продуктивна и корисна, велат од Министерството.
Jarrod Agen, додаваат, е висок функционер со значајна улога во креирањето и координацијата на енергетските политики на САД, со директен увид во стратешките приоритети и развојните процеси во секторот. Неговото искуство и познавање на глобалните енергетски текови претставуваат важна основа за развој на идни партнерства и проекти.
-На средбата беа разменети ставови за унапредување на двостраната соработка во енергетскиот сектор, со акцент на енергетската безбедност и стабилност на снабдувањето, диверзификацијата на енергетските извори, како и развој на стратешки инфраструктурни проекти од заеднички интерес, се вели во соопштението од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.
Министерката Божиновска ја истакнала подготвеноста на Северна Македонија за продлабочување на соработката и реализација на конкретни иницијативи, нагласувајќи дека партнерството со САД претставува значаен фактор за долгорочна стабилност и развој на енергетскиот сектор.
Извршниот директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД, Аген, пак истакнал дека меѓу двете земји постојат толку многу можности за соработка што можат да го променат енергетскиот пејзаж во регионот со децении.
Соговорниците се согласиле дека постои јасен потенцијал за интензивирање на соработката, со фокус на проекти кои ќе донесат конкретни резултати и ќе придонесат за економски развој и енергетска сигурност на двете земји.
Од Министерството велат дека оваа средба е дел од серијата билатерални средби на министерката Божиновска, која како дел од високата владина делегација на втората сесија од Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, каде се разговара за унапредување на соработката со САД во повеќе клучни области: енергетика, економија, безбедност и технологија.
МИА
Ново на Сител
-

Руте: Словенија, Албанија и Чешка не ја исполнија целта на НАТО за одбранбени трошоци
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
