Македонија
8. February 2022 - 12:20

Струмица доби нова градинка

Зголемен капацитетот на детската  градинка во Струмица. Со средства од  министерството за труд и социјална политика еден од клоновите на градинката Детска радост доби нов простор во кој се сместени четири нови занимални изградени и опремени согласно светските стандарди. Проектот е вреден 17 милиони денари, а  се реализира во рамки на програмата за капитални инвестиции  за инвестирање во објекти од детска заштита.

За општина Струмица новиот објект е посебно важен бидејќи истиот значи зголемување на капацитетот, а со тоа и намлување на притисокот што го има градинката за згрижување на деца.

До крајот на годината Струмица треба да добие уште еден еден објект за згрижување на деца од претшколската возраст .  Се работи за комплетно новата градинка чија изградба е во завршна фаза. Според најавите во неа ќе има место за 360 деца.