Струмица ја одбележа годишнината
И после 15 години сеќавањата за претседателот Трајковски не бледнеат. Во меморијата на неговите сограѓани тој останува запаметен како голем и едноставен човек и голем политичар. На денот кога се навршуваат една и пол деценија од трагичниот настан голем број Струмичани дојдоа пред споменикот Македонија поставен во негова чест, да му оддадат почит на претседателот Борис Трајковски, но и да се се присетат на својот роднина, пријател и сограѓанин. Тажни се што повеќе го нема, но истовремено и горди што што го познавале.
,, Иако од тој 26 февруари 2014 година помина една и пол деценија болката за огромната загуба се уште трае. Таквата болка е повеќе од разбирлива ако се знае дека Борис Трајковски беше државник со многу доблести, но пред се беше човек во вистинската смисла на зборот.,, рече МАРЈАН ДАСКАЛОВСКИ – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ НА ОПШТИНА СТРУМИЦА
Традиционално во рамки на чествувањата организирани по повод загинувањето на претседателот Борис Трајковски унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ во градскиот парк и оваа година засади дрво за негово сеќавање.
,, Претседателот Борис Трајковски значителен печат во македонската и во светската политика. И од таа причина сакајчи да му оддадеме посебна почит во Струмица секоја година традиционално засадуваме дрвце во чест на трагично загинатиот претседател Брорис Трајковски во струмичкиот парк.,, рече ТАЊА ЗАПРОВА – ДОСТИНОВА – ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УНИЈА НА ЖЕНИ НА ВМРО ДПМНЕ - СТРУМИЦА
Во чест на Борис Трајковски, а по повод 15 години од кобната несреќа во неговиот роден град беа организирани повеќе активности. Како дел од нив беше и традиционалниот планинарски марш и крводарителска акција.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
