Струмица ќе го добие првиот булеварски мост
За една година Струмица ќе го добие првиот булеварски мост. Мостот Обединување кој веќе се гради на реката Водочница според најавите од првиот човек на општината ќе значи поврзување на градот со индустриските капацитети, но истовремено ќе биде основа за изградба на уште еден булевар во градот, но и новиот градски пазар за кој веќе се работи проектно техничката документација.
,, Ова е основа за после тоа, по реализацијата да го спроведеме уште поголемиот проект, а тоа е новиот булевар во општина Струмица, а тоа е булеварот Братство и Единство и секако да почнеме со реализација на новиот градски пазар кој што ни е предвиден за кој веќе е порачано техничко проектна документација и е во финална фаза, со што заокружуваме една убава година, 2022 за општина Струмица и докажуваме пред цела Македонија дека и во време на криза Струмица знае да биде отпорна на кризите, Струмица знае како да се вложува во вистински проекти кои што се од интерес на граѓаните.,, вели Костадин Костадинов - градоначалник на Општина Струмица.
Мостот ,,Обединување,, ќе биде широк 23 метри и две сообраќајни ленти со должина од 15 метри. Инвестицијата чини 479 000 евра, средства обезбедени од општинскиот буџет.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар