Македонија
28. February 2022 - 12:25

Струмица се подготвува за карневалот

Струмица се подготвува за карневал.  После две години пауза работилниците повторно се отворени. Карневалџиите ги прават последните подготовки и со нетрпение го очекуваат моментот кога ќе излезат на улица за да ги претстават нивните креации. За време на паузата на која беа принудени поради пандемијата најмногу им недостасувале заедничките моменти и деновите поминато во создавање на маските.

Поголемиот дел од учесниците на карневалот ќе настапат со маските кои беа подготвени пред пандемијата, но  никогаш не ги  презентираа пред јавноста. За нив не било проблем цели две години грижливо да ги чува и костимите и возилата.

Годинава на карневалот во Струмица ќе учествуваат 26 маски од кои 23 се групни. Организаторите најавуваат учесници со висок квалитет.

Карневалските денови во Струмица започнуваат во среда на 2 март со симболично предавање на градскиот клуч на карневалистите и ќе траат до следната среда кога ќе биде одбележан празникот Тримери. Главната карневалска вечер е закажана за 5 ти март.