Македонија

Струмица со голем старт ап потенцијал

Потенцијалот на старт ап заедницата во Струмица е голем, а она што треба е придвижување на работите од страна на младите. Од старт ап Македонија кои во овој период работат на претставување на дигиталната екосистем платформа сметаат дека секој млад човек кој има иновативна идеја треба да ја преточи во стартап компанија.

Од Бизнис Инкубатор Центар Струмица сметаат дека клучни активности им се промовирањето на технолошкото учење и иновација, инвестирање во младите, како и соработка со државниот и приватниот

Во моментов дигиталната платформа брои 120 регистрирани стартапи и 40 организации поддржувачи кои ги поврзува сите учесници на екосистемот и стартап заедницата. На овој начин се овозможува директно поврзување на стартапите и оние кои нудат услуги за раст на самите стартпи, а тоа се поддржувачите организации.