Македонија
1. July 2025 - 15:23

Струмичанец пронајден починат на паркинг во Центар

На 30.06.2025 во 10.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг на подрачјето на Центар пронајден е починат С.А.(40) од с.Банско, струмичко.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на jавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.