Струшката литија за свети Ѓорги утре без верници
За прв пат годинава ќе изостане масовната посетеност на Струшка литија .
Оваа древна традиција и чествувањето на Светиот великомаченик Георгиј во Струга поради актуеланатa вонредна состојба со корона вирусот ќе биде реализирана само од страна на свештенството на Дебарско-кичевската епархија и Бигорската, Рајчичката и Пречистанската монашка обител. Граѓаните ќе може да ја проследат литијата од тротоарите на улиците каде таа ќе минува носејќи заштитни маски и држејќи го препорачаното растојание.
Стружани велат дека ќе ги почитуваат препораките на здравствените власти овие денови за нив се посебни бидејќи ја чуствуваат милоста на светителот кој го осветува градот на мостовите .
Инаку изминативе години огромен број на верници од сите краеви од земјава и странство присуствуваа на Струшката литија оддавајќи му почит на заштитникот на градот која од година во година стануваше се помасовна. Струшката еордија која беше обновена пред десет години и спаѓа во категоријата значајно културно наследство.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
