Македонија
24. August 2018 - 16:33
,,Струшки вечери на поезијата‘‘ во Прилеп
За прв пат од 57 годишното постоење на Струшките Вечери на Поезијата Прилеп беше дел од оваа светски позната манифестација. 4-ица поети од Бугарија, Данска, Романија и Сирија се претставија со своите творби пред прилепчани како дел од поетската вечер насловена „Поезија на пат“.
„Јас сум прв пат на Струшките Вечери на Поезијата. Ова е веќе 57-ми пат, голема чест и задоволство ми е да бидам присутен тука, најмногу поради тоа што ќе гии слушнам другите поети од целиот свет“, изјави Мартин Глаз Серуп поет од Данска.
„Ова е можеби најголемиот светски поетски фестивал, за прв пат сум во Струга и ми претставува огромна чест“, истакна Владимир Левчев поет од Бугарија.
Целта на „Поезија на пат“ е афирмација и промоција на светската поезија низ градовите во земјата и анимација на публиката.
„Прв пат сум тука, навистина сум задоволен од се ова што се случува во Прилеп. Струшките Вечери на Поезијата се еден огромен фестивал со многу големо значење и сум пресреќен што сум дел од него“, потенцираше Хусеин Хабаш поет од Сирија.
„Сметам дека ова е еден од најважните настани, најважните поетски читања во Европа, чест ми е што сум тука“, кажа Козмин Перта поет од Романија.
Најголем виновник што Струшките Вечери на Поезијата се дел од културните случувања во Прилеп секако е граѓанската организација Јавен Простор Прилеп. Која за само 2 месеци буквално успеа културно да го препороди Прилеп.
„Се надевам дека ова ќе прерасне во една традиција и дека Прилеп ќе остане дел од Струшките Вечери на Поезијата“, вели Звонко Димоски, коорганизатор на настанот, Јавен Простор Прилеп.
Струшките Вечери на Поезијата завршувата во недела кога ќе биде доделена и наградата „Златен венец“ на годинешниот лауреат, Адам Загаевски.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
