-->
-->
Стружанка почина откако во неа удрило товарно возило
-->

Седумдесетгодишна жена починала синоќа во струшката болница како последица на сообраќајна несреќа, кога во неа удрило товарно возило управувано од Н.О. (57) од Струга.
- На 21.02.2026 околу 16.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека на ул. „Струшки Кепенци“ во Струга товарно возило „ивеко“ со струшки регистарски ознаки управувано од Н.О.(57) од Струга удрило во 70-годишната И.И. од село Мислодежда, струшко. По несреќата И.И. била пренесена во Медицинскиот центар Струга за укажување на лекарска помош каде подоцна починала, посочуваат од полицијата.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга, а во 21:40 часот полициски службеници го лишија од слобода Н.О. и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Украина и Молдавија немаат опозиција како СДСМ
-

Почна расправата за законот за правична застапеност
-

Фрчкоски: Две омилени тендерски фирми на ВМРО свртеле над 5,3 милиони евра за 2 години
-

Јавна трибина за подигнување на свесноста за органодонорство
-

Исплата на субвенции за земјоделците
-

Административците ќе се обучуваат за почитување на правата на граѓаните
-

ВМРО-ДПМНЕ ќе слави роденден на стадионот во Струмица
-

Пожарите не стивнуваат во штипско
