Мицкоски: Украина и Молдавија немаат опозиција како СДСМ
Украина и Молдавија немаат опозиција како СДСМ за да ги кодоши кај меѓународните партнери, вели премиерот прашан за коментар на одуката на Брисел да ги почне преговорите со овие две земји. Според него, тоа е една од разликите меѓу нив и Македонија, заедно со фактот што ние, за разлика од нив, ја контролираме целата територија.
Според Мицкоски, условвите во кои е ставена Македонија не треба да бидат причина за очај, туку дополнителна мотивација повеќе да се работи во делот на реформите и економскиот развој на државата.
Ниту денеска не откри детали за најавената владина реконструкција.
Во отсуство на официјални информации, во јавноста се шпекулира со многу имиња и ресори но до овој момент партиски извори не откриваат никакви детали.
Она што е сигурно е дека ќе имаме нов вицепермиер за добро владеење откако Фетаи си поднесе оставка а речи си сигурно е дека од владата ќе се замине и министерот за социјала, Фатмир Лимани кои ги наруши односите со ВРЕДИ и најави формирање на нова партија.
-

Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар
