Студентите во блокада официјално поднесоа барање до Собранието во врска со РТС: „Протестот ќе трае додека не го исполните“
Студентите во блокада на високообразовните институции во Белград испратија отворено писмо до Комитетот за култура и информирање на Народното собрание на Република Србија и најавија колку ќе трае протестот пред РТС, јави дописникот на МИА од Белград.
„Бараме од вас, Комисијата за култура и информирање, да го повторите процесот на избор на членови на Советот на Регулаторното тело, со откажување на претходниот Јавен повик и објавување на нов, со транспарентен процес пред јавноста. Протестот пред РТС ќе трае додека не објавите јавен повик за избор на членови на Советот на РЕМ“, стои во писмото на студентите во блокадата на високообразовните институции во Белград.
Пред зградата на Радио-телевизија Србија во центарот на Белград и кај студиото на Кошутњак се уште се протестира од студентите во блокада и дел од вработените не можат да стигнат до своите работни места.Студентите кои ги блокираа влезовите во зградата на Радио-телевизија Војводина (РТВ) утрово околу 5.30 се разотидоа откако жандармеријата поставо кордон, со што на вработените им е дозволен влез во зградата.
Полицијата во Нови Сад соопшти дека во соработка со обвинителството, во тек е идентификација на сите лица кои сториле кривични дела и прекршоци, а против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Синоќа по 22 часот беа блокирани сите влезови на тие медиуми, а студентите во блокада, како причина за потегот – изјавија дека јавните сервиси, „не известуваат вистинито“.
„Полицијата насилно ги потиснува луѓето, за да можат вработените во РТС да влезат зградата. Соочени со оваа полициска бруталност, вработени во РТС се откажаа од влегување. Остануваат надвор, меѓу студентите и граѓаните. И покрај се, има чесни луѓе во РТС“, беше објавено на Икс на ФДУ во блокада.
Главна вест на порталот на РТС утрово е блокадата на јавниот сервис, при што РТС нагласува дека „студентите во блокада незаконски ги блокираат зградите на РТС“.
Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти утрово дека внимателно ја следи ситуацијата околу блокадата на зградите на Радио и телевизија на Србија и доколку има какво било кривично дело, сторителите ќе бидат идентификувани и кривично гонети согласно законот.
Обвинителството очекува и сите други надлежни државни органи да преземат дејствија и мерки од нивна надлежност за заштита на безбедноста на новинарите кои ги извршуваат своите работни задачи, како и правата на сите граѓани.
Блокадата на влезот на зградите на РТС во улицата Таковска во центарот на Белград и на Кошутњак почна синоќа по 22 часот и се уште трае.
Нови шатори синоќа беа поставени пред Домот на народното собрание на булеварот „Крал Александар“.
Слични шатори таму беа поставени минатиот викенд на народното собрание „Не ја даваме Србија“, пред бината од која претседателот на Србија им се обрати на присутните на централната манифестација.
Ново на Сител
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство
-
Парите од Британија ќе се позајмуваат кога ќе имаме готов проект, каматата ќе зависи од рочноста