Студентите во блокада во Србија утре со нов протест во Белград, Вучиќ најавува избори наесен

Студентите во блокада во Србија за утре најавија протест во Белград под мотото „Ти и јас, Славија“, на местото каде што пред нешто повеќе од една година се одржа еден од најголемите собири во изминатите неколку децении во Србија. Тие меѓу другото, ќе го повторат своето клучно барање до властите – распишување вонредни парламентарни избори, и ќе најават некои понатамошни чекори.
Протестот на плоштадот Славија во Белград на 23 мај ќе трае од 18 до 20 часот. Во објава на Инстаграм, тие изјавија дека пред митингот, граѓаните ќе се соберат на четири локации, од каде што ќе се упатат кон Славија. Собирањето е закажано за од 14 до 17 часот на Земјоделскиот факултет во Земун, Правниот факултет, Автокоманда и Плоштадот на Републиката. „Студентите и народот победуваат“, заклучија тие во објавата на социјални мрежи.
Иако за некои претходни собири се зборуваше како за можен „Ден Д“ и слично, тоа не е случај со овој протест. Покрај потсетувањето на нивните барања и како сето ова започна, што трае веќе година и пол, студентите во блокада ќе ги објават следните чекори, уште еднаш ќе посочат за што се залагаат и, како што истакнаа некои од нив, „ќе ја претстават Србија каква што сакаме да ја видиме во иднина и каква што сите ќе ја направиме заедно, преку организирани напори“.
Засега нема најава за презентирање програма и имиња за нивна изборна листа иако деновиве, тие уште еднаш повторија дека имињата на листата се избрани исклучиво од нив и тоа се луѓе со интегритет кои претходно не биле на функции.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа објави дека изборите ќе се одржат во периодот „од крајот на септември до средината на ноември“, повторно повикувајќи ги „блокадерите“ на дијалог. Вучиќ изјави за РТС дека се бори за обединета Србија, но дека таквата земја не значи еден ум.
„Ќе биде јасно по изборите – кој и да има мнозинство, го спроведува тој план и програма. Како што ќе одлучат граѓаните, ние веднаш ќе ги признаеме резултатите“, најави Вучиќ.
МИА
Ново на Сител
-

Од идеја до незавосност - Охрид го одбележува 23 Октомври
-

„Македонска ослободителна мисла 1893-1991“- непрекината 100 годишна идеја за создавање држава
-

Смоларскиот водопад добива нова метална платформа за набљудување
-

Преглед на вестите од светот
-

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година
-

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков
-

Мадрид: Промовирана книгата „Во срцето на Шпанија“ - Сведоштво за храброста на македонските доброволци
-

Мицкоски по Самитот: Се бориме да вратиме што беше продадено
