Студентите во Нови Сад велат дека ќе останат на улиците и на мостовите додека правдата не биде задоволена
Студентите од масовните демонстрации во Нови Сад денеска порачаа дека ќе останат на улиците и на мостовите онолку колку што е потребно за да се постигне правдата, бидејќи градот и државата ним им припаѓаат, јави Бета.
„Сите ќе останеме заедно на мостовите, на улиците онолку колку што е потребно, бидејќи овој град и оваа земја ни припаѓаат на сите нас затоа што сакаме да останеме во нашата држава Србија. Ви благодариме што заедно ја пишувате историјата. Нема повеќе да молчќиме пред никого, никогаш повеќе“, рече студентката од говорницата пред зградата на Нафтената индустрија на Србија, во близина на блокираниот Мост на слободата, каде што десетици илјади луѓе се собраа на студентски протест.
Таа им се заблагодари на граѓаните што решиле така масовно да застанат со студентите, со Нови Сад, со Србија.
„Ние не сме овде по каприц, тука сме затоа што не сакаме да се откажеме, затоа што веруваме во правдата, затоа што веруваме во достоинство. Веруваме дека овој град и оваа земја можат и мора да бидат подобри. Ни велат дека е полесно да молчиме или да ја наведнеме главата, но избираме да се бориме затоа што знаеме дека без борба нема промени. Нема да замижуваме пред неправдата, нема да се правиме дека не гледаме до каде е нашата земјата потона во корупција“, нагласи таа.
Потоа настапи Поп-хорот од Нови Сад кој им порача на учениците да продолжат да бидат гласни бидејќи „нивниот глас е гласот на иднината“.
Граѓаните скандираа против српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тројца загинати и двајца повредени е црниот биланс на сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Воведни обраќања на денешното судење за Онкологија
-
Чудно е како во претпријатијата каде раководи ДУИ се распламтуваат пожари, вели Мицкоски за пожарот во Дрисла
-
Скадналот со прислушкувањето во фокус на опозициските прашања во Собранието
-
ВМРО-ДПМНЕ во коалиција со 25 партии на претстојните избори
-
Хотелите ги отвораат вратите за пензионерите
-
Започна конкурсот за упис на бруцоши во Државниот студенстки дом во Штип