Суд ја блокираше наредбата на Трамп за ограничување на државјанството по раѓање

– Американскиот апелациски суд во Сан Франциско ја потврди блокадата на извршната наредба на претседателот Доналд Трамп, со која тој се обиде да го ограничи правото на државјанство по раѓање.
Судот го одби барањето на администрацијата на Трамп да ја суспендира пресудата на понискиот суд, со што оваа правна битка би можела да заврши пред Врховниот суд на САД.
Трамп на 20 јануари, веднаш по преземањето на функцијата, потпиша наредба со која им се ускратува државјанството на деца родени во САД, ако ниту еден од родителите не е американски државјанин.
Наредбата веднаш беше оспорена од неколку демократски држави и организации за заштита на имигрантите, кои тврдат дека таа го крши 14-от амандман од Уставот, кој гарантира државјанство за сите родени на американска територија.
„Оваа наредба е очигледно неуставна“, стои во пресудата на сојузниот судија Џон Коухенор, кој одговори на тужбата поднесена од Вашингтон, Аризона, Илиноис и Орегон.
Судови во Мериленд, Масачусетс и Њу Хемпшир веќе донесоа одделни одлуки со кои ја блокираат примената на наредбата.
Ново на Сител
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
