Судската администрација ќе добие додаток на плата, не се откажуваат од зголемување на платите за 78%
Се враќа додатокот на плата за вработените во судската администрација. Сумата во висина од 10 отсто од вредноста на личниот доход, ќе почне да се исплаќа со октомвриската плата.. Одлуката е на судско-буџетски совет, а дека има пари да се вратат додатоците, информирало министерството за финансии. Синдикатот ја поздравува одлуката, но велат тоа нема да ги премисли да се откажат од барањето за зголемување на платите.
Додатoкот на плата за вработените во администрацијата беше укинат во март откако за 78 отсо се покачија платите на функционерите, судиите, обвинителите. Со денешната одлука, додаток на плата нема да добиваат судиите и членовите на Судскиот совет. Според судско-буџетски, додатокот ќе биде фиксен од 10 отсто, а одлука дали судските административци ќе го добиваат, ќе се носи секој месец.
Во меѓувреме, во синдикатот очекуваат министерот за правда да го исполни ветеното и договори средба со Министерството за финансии на која заеднички ќе се разгледува барањето за зголемување на платите. Ако до среда не бидат повикани на разговор, излегуваат на голем протест.
Тие неколкупати досега излегуваа на улица, а често по еден час протестираа и пред судовите.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
