Свечена академија по повод Свети Кирил и Методиј
Непријателствата меѓу народите ,судирите меѓу културите и разните немири кои постојат не би биле такви и толкави кога во светот би имало повеќе луѓе какви што имале солунските браќа Кирил и Методиј истакна поглаварот на македонската православна црква г.г.Стефан во обраќањето на Свечената академија што по повод 24 мај Денот на Светите Кирил и Методиј се одржа во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид.
Претседателот на Владата Мицкоски забележа на потребата од единство, порачувајќи дека „не сме премногу да се двоиме, и не сме пресилни за да се разединуваме“.
Што се однесува на темата на домашните превирања и на, како што рече, „внатредржавни сопки“ пред притисоците однадвор, премиерот ја посочи потребата од единственост во позициите кај сите.
Притоа, како што рече Мицкоски за да се направи исчекор напред, потребно е градење на државно и национално единство и подавање рака и клучна согласност за најважните прашања за татковината.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар