-->
-->
Свечена заклетва на 29-та класа на питомци/студенти и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници
-->

Во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје денеска ќе се одржи свечена заклетва на 29-та класа на питомци/студенти и слушатели од Курсот за офицери и штабни службеници.
Како што информираат од Министерството за одбрана, на одржувањето на свеченоста ќе се обратат претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Силјановска-Давкова, министерот за одбрана, Владо Мисајловски и деканот на Воената академија, полковник проф. д-р Ненад Танески.
На настанот ќе присуствуваат началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали, високи претставници од Министерството за одбрана и Армијата, претставници од воено - дипломатскиот кор како и роднини и пријатели питомците, студентите и слушателите.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
-

Општина Ново Село продава 30 парцели за викенд-куќи во Смоларе
-

ВМРО-ДПМНЕ со нови обвинувања за Богоев
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
