Свечља: Околу 400 српски екстремисти се обучуваат на границата со Косово за агресивни напади

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља изјави дека околу 400 српски екстремисти се обучуваат во близина на границата со Косово и, според него, потребна е само наредба од српскиот претседател Александар Вучиќ за да започнат со агресивни напади, јави дописникот на МИА од Приштина.
Свечља за телевизијата „Њуз24“ (www.news24.al) изјави дека косовската полиција се подготвува да спречи какво било српско сценарио, но и да се соочи со агресијата, доколку е потребно.
– Околу 400 српски екстремисти се обучуваат во областите околу границата со Косово и со наредба на Вучиќ можат да бидат активирани во агресивни напади, рече Свечља.
Косовскиот министер на полицијата се осврна и на прашањето за забрана на употребата на српскиот динар на територијата на Косово, за што рече дека Косово има за цел да биде „демократска земја, во која владеат редот и законот“.
– Ние сме независна и суверена држава, и секако треба да бидеме нормална, независна и суверена држава. Ние не тежнееме кон ништо друго освен да бидеме демократска земја, во која владеат редот и законот. И, како и одлуката за динарот, така и претходните одлуки за регистерските таблички, за сметките за струја…, тоа се повеќе од нормални одлуки на земја која претендира да биде дел од Европската унија и НАТО, рече Свечља.
Ново на Сител
-

Абази го презентираше извештајот за работата на ОЈОГОКК пред Советот на јавни обвинители
-

Мисајловски: Испораката на воената опрема е во завршна фаза, склучени се и нови договори со САД
-

Се санираат штетите по невремето
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
