Светска премиера на „Борат 2“
Светската премиера на комедијата „Борат 2“, со целосен наслов „Borat Subsequent Moviefilm: Delivery of Prodigious Bribe to American Regime for Make Benefit Once Glorious Nation of Kazakhstan“, ќе се случи утре, на 23 октомври.
Познатиот, но и контороверзен британски комичар Саша Барон Коен, и овојпат го глуми фамозниот лик на Казахстанецот Борат, којшто првпат го претстави во своите хумористични емисии „Ф2Ф“ и „Али Џи“. Првиот филм каде што Борат беше главен лик, излезе 2006 година.
Потоа, Коен изјавуваше дека Борат „ќе се пензионира“ и ќе се повлече од јавниот живот, но од крајот на 2019 година, бушавкото со мустаќи почна повторно да се појавува на јавни настани. Се работело за снимањето на вториот дел од филмот, во специфичниот облик на тн. квази-документарец. Тоа се одвиваше во тајност без официјално соопштение, сѐ до пред нецели два месеца.
Еден податок вели дека, наводно, комичарот минал пет дена во терористичка ќелија без да го препознаат, за потребите на филмот.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Партиски препукувања за реформите во правосудството согласно планот за раст
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН