Бизнис
4. May 2022 - 16:33

Светската банка проектира забавен раст за македонската економија

Македонската економија годинава ќе забави за еден процентен поен со што растот на БДП наместо 3,7 се очекува да биде 2,7 проценти според проекцијата на Светска Банка. Според најновиот полугодишен извештај земјава ќе има најнизок раст на БДП од земјите во регионот. Загрижува и и обемот на дефицитот кој е поголем од првично планираниот и јавниот долг кој ќе достигне 62,7 од БДП.

Владата  да го стегне ременот во  трошење на пари, да  внимава со новите мерки колку ќе траат  и да ги насочи само кон одредена најранлива група граѓани е препораката од Светска Банка.

Светска банка ќе прави дополнителни проекции на економскиот раст со оглед дека војната во украина предизвикува неизвесност од сегашните проекции и сите одат во надолна линија и во земјава и генерално економијата на глобално ниво.