СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција

Со посета на дечиња од детските градинки и презентирање на пристигнатите ликовни и литаратурни творби од конкурсот на тема „ Полицајците - тивки херои на нашето време“, во Секторот за внатрешни работи Струмица беше одбележан 7 Мај-Денот на македонската полиција.
Во седиштето на Секторот за внатрешни работи Струмица на посета беа дечиња од Детска градинка „Детска радост Струмица“ кои на симболичен начин на полициските службеници им ќе го честитаа денот на македонската полиција, а имаа можност да се запознаат со професијата полицаец, да ја видат опремата и возилата со кои располага СВР Струмица и просториите во кои работат полициските службеници.
Исто така во СВР Струмица беа презентирани пристигнатите ликовни и литературни творби од литературниот и ликовен конкурс на тема „Полицајците - тивки херои на нашето време“, кој СВР Струмица го организираше во соработка со библиотека „Благој Јаков Мучето“ Струмица во чест на 7 Мај – Денот на македонската полиција. Наградените учесници на конкурсот добија дипломи за вложениот труд.
Одделението за внатрешни работи Радовиш празникот го одбележа со положување на цвеќе пред спомен обележјето на бранителите Ерол Готак, Сашко Соколов и Коце Крстев, кое се наоѓа пред зградата на ОВР Радовиш, на кое присуствува претставници од раководството на СВР Струмица и ОВР Радовиш, градоначалниците на општините Радовиш и Конче, семејства на бранителите и претставници на полициските синдикати.
Во чест на денот на македонската полиција, Одделението за внатрешни работи Валандово го посетија дечиња од детската градинка „Калинка“ од Валандово, при што се дружеа со полициски службеници, а ја разгледаа и опремата и возилата кои ги користат при извршување на службените задачи.
МИА
Ново на Сител
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
-

Мицкоски задоволен од растот на економијата - СДСМ обвинува за историско задолжување
-

Македонија под висок ризик за пожари: И ноќеска скопјани спиеја со затворени прозорци поради пожарот во Ѓорче Петров
-

Ристески: Со училишната кошничка едно семејство со два ученика заштедува и до 3.000 денари
-

Струја нема вода нема, револт во Чешиново
-

Да се инвестира во надоградување на домашните работници, а не да се увезува работна рака
-

Охрид ќе добие Младински Културен Центар
-

Општина Струмица набавува пет нови возила за модернизација на ЈПКД Комуналец
