СЗДМ бара инсулински пумпи за повеќе лица со дијабетес тип 1
Државата да обезбеди инсулински пумпи за што повеќе лица со дијабетес тип 1 бараат од Сојузот на здруженија на дијабетичари, за да се спречат сериозни компликации.
Според нивните податоци од околу 5000 пациенти, вакви пумпи, но мануелни користат 1000, за разлика од повеќе земји во регионот каде користат автоматски.
- Најчести коморбидитети се ампутација, срцеви заболувања што доаѓаат како компликации од дијабетес.. Шест луѓе без компликации, ја чинат државата, колку еден со компликации, изјави Мартин Николов, оперативен директор на Сојузот за здруженија на дијабетичари на Македонија.
Од ресорното министерство велат дека има тенденција на зголемување во набавките и на пумпи и сензори, согласно буџетските средства од програмата за дијабет.
- Министерството за здравство со новата јавна набавка, согласно одобрените буџетски средства обезбеди зголемување на бројот на инсулински пумпи за лицата со Дијабет тип 1 за 20% од претходната јавна набавка, односно обезбедени се 90 инсулински пумпи за 2 години, одговорија од МЗ.
Прашањето за инсулинските пумпии најчестите коморбидитети како дел од метаболниот синдром од Сојузот на здруженија на дијабетичари ќе го отворат пред здравствените власти и лекарите и на Првата пациентска конференција која на 20 и 21 март ќе се одржи во Скопје и со која ќе го одбележат 25 годишниот јубилеј.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
